Поврзете се со нас

Светски првенства

Повторно имаат златна генерација: Германија e нов светски младински шампион

Објавено

на

Репрезентацијата на Германија е победник на Светското ракометно првенство за играчи до 21 годинина кое изминатиов период се играше токму во оваа земја и Грција.

Германците покажаа најмногу низ турнирот, максимално ја искористија предноста на домашниот терен и дојдоа до злато. Ова за популарните „панцири“ е трета титула на турнирите во оваа категорија, односно имаа златна генерација по пауза од 12 години.

Претходно Германците беа најдобри во Каиро (2009), Солун (2011) за да сега во Берлин ја надиграа Унгарија со 30-23. Домаќините водени од поддршката не дозволија изненадување, беа подобри од ривалите во двете полувремиња (14-11, 16-12) и сосема заслужено до резултат за почит, најава дека оваа селекција има потенцијал, квалитет во блиска иднина да се врати и на врвот во сениорскиот ракомет.

Во битката за бронзата Ислан беше подобар од Србија со 27-23.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни