Поврзете се со нас

Свет

Потег на Македонецот кој привлече внимание: Димитриоски експресно се врати и со фантастична интервенција спречи гол на противникот (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Димитар Димитриоски и неговиот Валјадолид не успеаа да направат изненадување и загубија од Бенидорм со 32-27 во АСОБАЛ лигата.

Гостите добро се држеа на овој меч до самата завршница кога Бенидорм одигра многу подобро на двете страни на теренот и запиша триумф со кој ги израдува навивачите.

Нашиот Димитриоски даде два погодоци од четири обиди, но имаше и една голманска интервенција во второто полувреме со која го привлече вниманието.

Валјадолид играше без голман, ама згреши во нападот и тоа домашниот тим проба да го искористи, меѓутоа Димитар експресно се врати назад и со фантастична одбрана спречи погодок на противникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни