Поврзете се со нас

НБА

Поранешна НБА ѕвезда: Лигата ги промени правилата поради европските кошаркари

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/no.chill.gil

Гилберт Аренас често предизвикува дебати со своите изјави, а и во последното поткаст гостување зборувал за актуелната ситуација и ја критикувал НБА лигата дека го променила стилот само за да им ја олесни работата на европските кошаркари.

Аренас вели дека европските играчи се на позиција каква што се само поради промената на правилата и намалувањето на агресивноста.

– НБА ја укина агресивната кошарка за да се отвори кон Евролигата.

– Кога Европјаните доаѓаа, играта им беше претешка и прежестока, на крајот ги омекнаа правилата за да се отворат кон странски играчи.

– Што мислите, зошто велат дека европските играчи ќе доминираат за пет години? Повеќе тројки, додавања, тоа не е нашата лига, ова не е американски, туку европски стил на игра. Не можат да ја направат лигата глобален бренд со прежестока игра, мораа да најдат начин да им го олеснат доаѓањето овде, воведоа повеќе шутеви за тие играчи да преживеат, – рекол Аренас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни