Поврзете се со нас

Светски првенства

Поранешен репрезентативец за еден играч на Дешамп: Тој е микс на Зидан и Платини

Објавено

на

Франција стигна на чекор до одбрана на титулата на Светското првенство во Катар, а на патот до фантастичниот успех останува уште само селекцијата на Аргентина.

Фудбалската јавност во Франција тешко може да најде сериозни забелешки за одлуките на селекторот Дидие Дешамп и играта на репрезентативците, а очекувано по победите, има повеќе простор за комплименти.

Поранешниот репрезентативец Кристоф Дугари не се штедел при пофалбите на сметка на Антоан Гризман, кој според многумина беше играч на натпреварот во полуфиналето.

– Сметам дека Антоан Гризман игра неверојатно уште од почетокот на турнирот.

– Секогаш го има правилниот ритам, правилното додавање, на моменти сметам дека игра како Зидан.

– Искрено, оваа Франција немаше да биде иста без него, затоа што често ни недостасува ритам и интензитет. Но кога Антоан ќе ја допре топката, се гледа дека има визија. Неговиот стил е комбинација на Зизу и Платини, – тврди Дугари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни