Поврзете се со нас

Македонија

Победа ја изненади Струга, најголемите ривали се приближија до лидерот

Објавено

на

Екипите на Силекс, Шкупи и Шкендија остварија победи во новото 12. коло од Првата македонска фудбалска лига и на најдобар начин го искористија новиот кикс на лидерот Струга.

Струга доживеа втор пораз по ред, овојпат од Победа и тоа со резултат 2:0, а стрелец на двата гола за прилепчани бил Мазари. Негативната серија на Струга им дозволи на ривалите да се приближат на табелата.

Шкендија славеше со минимални 0:1 на гостувањето кај Скопје, а стрелец на единствениот гол за победа бил Дориев во 32. минута од средбата.

Шкупи водеше со 3:0 против Тиквеш, гостите стигнаа до 3:2, но на крајот домашниот состав ја потврди победата со конечни 4:2.

На сличен начин три бода негатива стопи и Силекс, тим кој денеска славеше на гостувањето кај Работнички со 0:1 и тоа со голот на Обадовиќ постигнат во првиот дел.

Струга и натаму е лидер со 25 бода, Шкендија има 22, додека Шкупи и Силекс стигнаа до 21 бод на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни