Поврзете се со нас

Македонија

ПМФЛ: Струга се врати на врвот, „лавовите“ го освоија Гостивар

Објавено

на

Денешните натпревари во Првата македонска фудаблска лига го комплетираа колото кое стартуваше вчера, а попладневните резултати ја вратија Струга на првото место на табелата.

Актуелниот шампион во регионалното дерби против Воска славеше со 3:1 и одговори на вчерашната победа која ја оствари Шкупо, па сега повторно има три бода предност како првопласиран тим на табелата.

На останатите три средби, Шкендија им се врати на победите и рутински се справи со „фенерџијата“ Брегалница (4:1), а овој резутлат беше активен на уште еден меч.

Гостивар влезе како апсолутен фаворит во пресметката со Македонија Ѓорче Петров, но „лавовите“ покажаа дека не планираат лесно да се откажат и со втората победа во низа дојдоа на само минус два од Вардар.

Тимот од Скопје оствари висока победа од 1:4 на гостувањето кај Гостивар, додека Брера Струмица ја продолжи агонијата на Работнички и славеше со 2:1.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни