Поврзете се со нас

Репрезентација

Петров: Главата горе, може да се радуваме на победи

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Македонија не ја изненади Норвешка на средбата во Краков, но и од овој меч можат да се извлечат позитивни работи, поединци како што е Костадин Петров.

Кружниот напаѓач максимално ја искористи шансата од селекторот Кирил Лазаров и постигна четири гола од четири обиди.

-Чест и задоволство ми е да го носам овој дрес. Како јас така и сите играчи сакаа да одиграат добро кога ќе го облечат овој дрес, да одигра добро, да го даде максимумот, тимски да се покажеме во добро светло. Во првите 20 минути бевме добри, Митревски беше распложен на голот, фати неколку зицери. Но во завршницата на првиот дел ги изгубивме главите, игравме поинаков ракомет, беше договорот да играме брзо, ама паметно, направивме технички грешки, потоа беше тешко да се вратиш против екипа која се бори за врвот.

-Пробавме седум на шест во второ полувреме, се вративме до некоја пристијна негатива, но потоа пак тие пет-шест минути ни падна концентрацијата. Штета можевме да одиграме подобро, да не биде толку голема негативата. Главата горе имаме уште многу натпревари да се поправиме индивидуално, тимски и да се радуваме на победи, -порача Петров.

Македонија утре ја очекува нов предизвик, битка со селекцијата на Холандија која во почетната рунда и одржа лекција на Аргентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни