Поврзете се со нас

Англија

Пеп му ги „мрси сметките“ на Артета: Сити достави официјална понуда од 100 милиони евра за примарната трансфер цел на Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Англиските клубови повторно се најмоќни на трансфер пазарот кога се во прашање сумите за обесштетување, па иако е многу рана фаза на летниот преоден рок, веќе гледаме директна битка на двата клуба кои беа најдобри изминатава сезона во Премиер лигата.

Манчестер Сити и Арсенал до последно се бореа кој ќе ја освои титулата, а сега фуриозно отвораат и на трансфер пазарот бидејќи имаат идентична трансфер цел.

Деклан Рајс дефинитивно ќе си замине од Вест Хем и сите во клубот му ги отворија вратите за трансфер, но сега единствено прашање е дали ќе заврши во Северен Лондон, или во Манчестер.

Вест Хем веќе одби две понуди на Арсенал кои беа окарактеризирани како недоволно сериозни, па ова се обидува да го искористи Манчестер Сити кој доцна во ноќта испратил понуда од 100 милиони евра (90 милиони фиксни и околу 10 во бонуси).

Угледниот „Атлетик“ тврди дека понудата е официјална и истата е доставена до челните луѓе на Вест Хем, но истиот извор открива дека се очекува и контра-удар од Арсенал, кој ќе испрати и трета подобрена понуда.

Во овој момент се чини дека Сити е во мала предност поради гаранцијата за исплата на 100 милиони евра, меѓутоа времето ќе покаже дали Пеп ќе ја добие и оваа „битка“ со Микел Артета, која сега се води надвор од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни