Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер со победа ја отвори новата календарска година

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија победа над Охрид од 34-25 во првата средба во 2022 година во првата македонска лига.

Домашниот тим беше огромен фаворит на оваа средба и тоа на крајот го потври со тоа што треба да се каже дека гостите пружија одличен отпор во првиот дел. Избраниците на Жељко Бабиќ имаа минимална предност од 16-14 по 30 минути, но во продолжението заиграа далеку подобро во одбраната, беа уште поефикасни во нападот и се израдуваа на 14 прволигашки триумф.

Божиќ Павлетиќ со осум и Периќ со шест гола беа најдори стрелци кај „фармацевтите“, додека Додиќ постигна 6 гола за поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни