Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер прокоцка двоцифрена предност против Подгорица

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ABA_League2

Пелистер оствари пласман на завршниот турнир во АБА2 лигата со победата над Слога, но денеска пропушти шанса со уште поголема самодоверба да влезе во пресметките на топ 8 друштвото.

Битолчани имаа извонреден старт на мечот против Подготица и победоа со 12 поени предност во втората четвртина, но потоа дозволија серија од 11:0 на противникот и се влезе во егал ситуација до крајот на првиот дел.

Пелистер замина на пауза со предност од 47:43, но почна да паѓа во третата четвртина во која Подгорица наметна ритам, што направи да влезе со предност во четвртата четвртина.

Во последните 10 минути, подгоричани успеаја да се одлепат со двоцифрена предност и го решија прашањето околу победникот, па на крајот славеа со 97:84.

Карпентер со 24 поени беше најефикасен во тимот на Пелистер, додека во победничкиот тим се истакна Кљајевиќ во 19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни