Билијард и Снукер
Панов и Ставриќ играа одлучувачки фрејмови за победа на ЕП

Настапот на четири играчи од Македонија на Европското првенство во снукер беше голема шанса за стекнување на меѓународно искуство, откако оваа манифестација беше преселена од Полска во Албанија како побезбедна дестинација.
Благодарение на поддршката на Агенцијата за млади и спорт, Македонија за прв пат беше претставена со четири играчи. За жал, ниту еден не успеа да ја помине групната фаза или да донесе победа. Дејан Сипковски кој е со децении наназад меѓу најдобрите во билијардот, овој пат ги одмери силите на меѓународно ниво во снукер, а може да се рече заедно со актуелниот шампион на Македонија, Берат Јашари, имаа тешка ждрепка. Јашари успеа да освои еден фрејм, додека другите двајца играчи, Александар Ставриќ и Петар Панов успаеја да освојат по два фрејма и да играат одлучувачки петти фрејм во еден свој меч, со што дојдоа до чекор од својата прва победа на едно ЕП, што сепак за жал остана само нивен сон. Со тоа, победата на Блендијан Ќазими над Кирил Баидала од Украина, кој настапи во младинска конкуренција, останува единственот светол момент од настапот во Албанија.
– Не можам да речам дека сум задововолен од резултатот, но нашите момци на своја кожа почувствуваа како е да се игра на една ваква манифестација и да се бранат „боите на државниот дрес“. Имаме одличен потенцијал и снукерот во Македонија стекнува се поголем број приврзаници, па на некој начин времето работи за нас. Условите за напредок на играчите се подобрени во однос на претходните години, па останува на нив да се вложат максимално и да изборат подобри резултати за себе,- рече Лазар Лазаревски, претседател на македонската снукер асоцијација.
Согласно одлуките на конгресот на европската федерација, организацијата на следното поединечно европско првенство ќе се довери на Малта, додека екипното првенство ќе се игра во Бугарија во 2023 година, заедно со дисциплината „6 црвени“.
-
Пливањепред 16 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 17 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 8 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал