Поврзете се со нас

Италија

Пандев влезе во игра и ја разбуди Џенова, фудбалскиот трилер на „Мараси“ заврши со шест погодоци (Видео)

Објавено

на

Џенова беше на работ од бездната и пред болен пораз во дуелот со Верона, но тимот предводен од Балардини успеа да се разбуди со Горан Пандев на теренот и направи чудесен пресврт кој сепак не беше одработен до самиот крај.

Домаќинот на Мараси губеше 0:2 до 77-та минута со головите кои ги постигнаа Симеоне и Барак, но потоа следеше молскавичен финиш на мечот, сето тоа како последица на измените кои ги направи Балардини.

Тренерот на Џенова фрли се на една карта и Пандев влезе во игра во 46-та минута, па со сите сили во нападот, Џенова стигна до голем пресврт, но не и до победа.

Кришито намали од пенал на 1:2, истиот играч погоди за 2:2 во 80-та минута, а пет минути подоцна, Пандев ја започна акцијата по која Дестро извонредно погоди за 3:2.

По овој погодок, следеше делириум кај Балардини и клупата на Џенова, но лошата игра во одбрана, на крајот му дозволи стопроцентна шанса на гостинот и гол на Калиниќ за реми и конечни 3:3 на „Луиџи Ферарис“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни