Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев ја стресе Германија, Македонија има водство на полувреме во Дуизбург (Видео)

Објавено

на

Македонија има водство по првото полувреме на натпреварот против Германија од квалификациите за СП во Катар.

Нашата репрезентација го шокираше фаворитот во Дуизбург, откако Горан Пандев без проблеми реализираше по одличната акција, која финишираше со асистенција на Барди и гол на капитенот во втората минута од судиското продолжение.

Претходно, нашата репрезентација за малку ќе поведеше по опасното нафрлување на Барди од слободен удар, но Тер Штеген успеа на свој карактеристичен начин да спаси во последен момент и да спречи водство на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни