Поврзете се со нас

Македонија

Пандев го прослави 40. роденден во одбрано друштво: Добив големо изненадување (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев денеска одбележува нависитна убав јубилеј и полни 40 години, а влезот во петтата деценија од животот носи големи предизвици за легенарниот напаѓач кој пред извесно време презентираше интересен проект во Македонија.

Гоче ја ребрендираше својата Академија Пандев во Брера Струмица и донесе богата инвестиција во родниот град, а целта ќе биде да се калемат што повеќе фудбалски таленти и да им се понудат најдобро услови на младите деца.

Пандев денеска доби изненадување по повод 40-от роденден и го прослави истиот со децата од школата, по што даде и изјава во интервјуто за официјалниот јутјуб канал на клубот.

– Голема чест е што роденденот го прославувам со толку дечиња, ова е големо изненадување за мене. Благодарност до сите во Акакедмија Пандве Брера, посакувам повеќе здравје за сите, оваа сезона да биде незаборавна за нас. Имаме нов проект, се базира на младата категорија и се надевам дека момчињата ќе бидат здрави и дека ќе освојат титули.

– Почнуваме нов проект, ова е нешто ново во Македонија, се надевам дека уште повеќе дечиња ќе се запишат во нашата школа. Ќе ги чека големо изненадување, нова програма, а ќе има и новитети во тренерскиот погон. Децата ќе ги охрабриме да спортуваат, ќе ги учиме да имаат почит кон постарите. Ќе се обидеме да организираме што повеќе турнири, интернационални турнири со екипи од Италија, Шпанија, Србија и Хрватска, – изјави Пандев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни