Поврзете се со нас

Балкан

Панчев за неверојатната партија на Звезда: Дали пројде ново торнадо низ Белград?

Објавено

на

Црвена Звезда вчера имаше страшна подготовка за новата натпреварувачка сезона за Првата лига во Србија, бидејќи на завршниот тест ѝ одржа фудбалска лекција на Фиорентина.

„Виолетовите“ од Фиренца настрадаа на гостувањето на Маракана и по 27 минути игра резултатот гласеше 5:0, што доволно говори за амбициите кои ќе ги има Звезда во во месеците кои претстојат.

„Црвено-белите“ одново ќе бидат апсолутни фаворити за освојување на титулата во домашното првенство, но супер вест за нив е тоа што со првото место обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите. Вчерашниот резултат во Белград ги фрли во неверица дури и најголемите оптимисти меѓу звездашите, а со коментар за „Спортал“ се јави легендарниот Дарко Панчев.

Дебакл на калчолигашот во Белград: Црвена Звезда ѝ даде пет гола на Фиорентина за 18 минути! (Видео)

– Не знам дали вчера од 20 до 20 часот и 30 минути имаше торнадо во Белград во тој половина час. Дали беше она торнадо кое веќе некое време надвиснува над Балканот, или тоа беше Звезда? Веднаш по натпреварот, почнаа спореби со нашиот легендарен тим и мислам дека од една страна тоа е добро. Тоа значи дека овој тим на Звезда вреди, но не треба со никој да биде споредуван. Овие момци покажаа дека се добри на свој начин, во склад со времето во кое играат.

– Го гледав мечот против Фиорентина и тоа делуваше навистина добро. Низ сето ова време во кое Звезда доминира и освојува титули, најдобро е тоа што тимот секогаш напредува, Звезда е се подобра. Голема работа оваа сезона е и тоа што Звезда оди директно во Лигата на шампионите. Тоа не е само добро за српскиот фудбал, туку и за цел регион, дури и тука во Македонија. И тука има многу звездаши, Терзиќ врши одлична работа и тоа се одразува на теренот и на резултатите. Ќе уживаме во новата сезона на Звезда, – завршува Панчев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни