Поврзете се со нас

Боречки спортови

Олимписки медалист влезе во УФЦ и со своите нокаути стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

УФЦ борбите станаа најатрактивно собиралиште за голем број борци кои во минатото биле дел од други боречки вештини, пред се поради парите кои можат да се добијат од најважните настани, но и поради самата популарност на организацијата која ја предводи Дана Вајт.

Последните неколку години, УФЦ успеа да привлече поранешни кик-боксери и боксери, но еден од најинтересните случаи е оној на Кубанецот Робелис Деспањ.

Станува збор за поранешен олимписки медалист кој ја има освоено брозната во таеквондо во 2012-та година, но кој сега на 35 години полека стекнува голема слава.

Причина за тоа е неговиот влез во УФЦ октагоните, каде засега има импресивен биланс од 4:0, со три неверојатни нокаути во оваа 2023-та година.

Деспањ ги „заспал“ последните тројца противници за вкупно 22 секунди, а неговата последна борба траела само 5 секунди. Поради тоа, видеото од последните нокаути стана вистински вирален хит и фановите се прашуваат дали ја добиваат новата УФЦ ѕвезда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни