Поврзете се со нас

Светски првенства

Официјално: Македонија нема да игра на СП, Чиле ја доби последната карта за првенството во Египет

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација и дефинитивно нема да биде дел од Светското првенство кое на почетокот на наредната година ќе се одржи во Египет.

Постоеја одредени шанси, надежи дека во последен момент можеме да добиеме повик, но Светската ракометна федерација (ИХФ) одлучи билетот да и го додадели на селекцијата на Чиле. Турнирот за Средна и Јужна Америка таканаречен „Последна шанса“ не се одржи поради ситуацијата со коронавирусот, па ИХФ на предлог на СЦАХС (Ракометна конфедерација на Јужна и Средна Америка) се реши местото во Египет да им го додели на Чилеанците како најдобра селекција од тие простори.

Ова значи дека Чиле за кого ова ќе биде шести мундијал ќе игра во групата Г заедно со домаќинот Египет, Шведска и Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни