Поврзете се со нас

Англија

Нуњез проговори за заминувањето на Клоп: Јас лично би сакал…

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Јирген Клоп нема повеќе да го води премиерлигашот Ливерпул со кого се збогуваше со победа против Вулверхемптон во последниот меч во Премиер лигата.

Токму на тој меч имаше многу емоции, а еден момент доста беше коментиран, а тоа е потегот на напаѓачот Дарвин Нуњез кој беше единиствениот кој не аплаудираше кога Германецот минуваше низ шпалирот.

Доста критики доби Уругваецот за тој потег, се говореше за некој нарушен однос, но Дарвин за „Полидепортиво“ обелодени што навистина мисли за заминувањето на стратегот од „Енфилд Роуд“.

-Сите бевме по малку шокирани од заминувањето на Клоп, тоа никој не го очекуваше. Штета е што си оди. Јас лично би сакал да си замине во голем стил, освојувајќи титули, но тоа не се случи на тој начин. Штета е и за играчите. Му посакувам се најдобро на светот, -порачал голгетерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни