Поврзете се со нас

Свет

Трипие: Нема да заборавам што направи Симеоне кога си заминував од Атлетико

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Киран Трипие принудно игра како лев бек во англиската фудбалска репрезентација и засега добро се справува со предизвикот, а обидувајќи се да објасни како успева да се адаптира на секоја нова улога која ја добива на теренот, играчот на Њукасл се наврати на времето минато во Шпанија.

Трипие сериозно напредуваше на дефанзивен план како играч на Атлетико Мадрид, а најголеми заслуги за тоа има Диего Симеоне кој бараше од Англичанецот да се подобри во тој фудбалски сегмент.

По своја волја и инсистирање, Трипие си замина од Шпанија и се врати во Премиер лигата, но времето минато во Атлетико му биди само убави спомени, а особено соработката со извонредниот Аргентинец.

– Можев да останам во Атлетико, ми нудеа уште три години, а нема да заборавам и што направи Симеоне за време на мојот последен ден во клубот. Диего ме чекаше пред паркингот денот кога си заминував и се обидуваше да ме разубеди. Јас бев решен, сметав дека е вистински чекор за мене и моето семејство.

– Многу му должам на Симеоне, кога пристигнав во Атлетико, тој беше јасен со мене. Побара да се подобрам дефанзивно и мина многу време со мене на тренинзите. Ми покажуваше видео клипови и движења од други играчи. Со Симеоне мора да трчате и да се борите, инаку нема да добиете шанса за игра. Многу научив од него и посебно сум горд што можев да соработувам со него, – вели Трипие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни