Поврзете се со нас

Олимписки игри

Релиќ ќе ја претставува Македонија на ЛОИ во Париз

Објавено

на

foto:www.facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok

Ова лето Париз ќе биде домаќин на најдобрите спортисти на светот, а меѓу нив ќе биде и таеквондистката Милијана Рељиќ.

Имено Рељиќ доби покана од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за настап на најголемиот спортски настан. Овој потег на ИОК доаѓа поради добрите резултати на Мила на последните натпреварувања, освоениот златен медал на Европското клупско првенство, односно одличниот рејтин и овозможи да биде дел од престојните ЛОИ.

-Златниот медал на Мила од Европското клубско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултати од последните натпреварувања, резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година. Голема заслуга за ова има секако нејзиниот тренер Александар како и континуираната успешна работа на нашата Таеквондо федерација и пред се на нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија.

-Од Мила очекуваме одличен настап и посакуваме уште една радост од нашите таеквондисти. НАПРЕД МИЛА, -порачаа од МОК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни