Поврзете се со нас

Македонија

Бутел ги договори и браќата Узунчеви

Објавено

на

foto: FB/RK Butel Skopje

РК Бутел е активен на сцената, пазарот каде успеа да обезбеди уште два потписи, нови имиња за натпреварувачката 2024/2025.

Македонскиот прволигаш во изминатиов период се засили со кружниот напаѓач Драган Шољиќ и бековите Теодор Тодески и Мартин Петровски, додека пак денеска ги ангажираше браќата Димитар и Тодор Узунчеви.

Станува збор за младинските репрезентативци кои потекнуваат од Партизан Гевгелија, а во новата средина доаѓаат од Автокоманда каде беа дел од Мулти Есенс настапуваа и Алкалоид.

-Бутел е екипа што пружи шанса на млади ракометари. Ми претставува голема чест што ќе бидам дел од неа и ќе имам простор за напредување и зголемување на моето искуство, -изјави Тодор.

Во екипа каква што е Бутел Скопје очекувам да созреам како играч и да го зголемам моето искуство. Знам дека овој клуб им дава шанса на млади играчи и ќе имaм простор за игра, порача Димитар кој исто како и неговиот брат потпиша едногодишен договор.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни