Поврзете се со нас

Италија

Наполи се јави со жестоко соопштение за „случајот Квича“: Не одлучуваат татковците и агентите! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Агентот на Квича Кварацхелија предизвика бура во Неапол со изјавата која ја даде за својот клиент, бидејќи Мамука Јагели нагласи дека крилниот напаѓач ќе загуби една година од својата кариера ако остане на „Диего Марадона“.

Менаџерот на Кварадона посочи дека нивни приоритет е да се направи трансфер и да заминат во клуб кој игра во Лигата на шампионите, а истиот став во јавноста го пренесе и таткото на фудбалерот, Бадри Кварацхелија.

Овие две изјави очекувано донесоа немир во Неапол, па клубот брзо излезе со официјално соопштение кое има навистина жестока содржина.

– Како оговор на изјавата на агентот на Кварацхелија и неговиот татко Бадри, Наполи како клуб потенцира дека играчот е под договор со нас уште три години.

– Кварацхелија не е на трансфер пазарот. Агентите и татковците не одлучуваат за иднината на еден играч кој е под договор со Наполи, за тоа одлучува Наполи како клуб!!! Крај на приказната, – гласи краткото соопштение на „наполитанците“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни