Поврзете се со нас

Италија

Атрактивна опција за стоперот: Елитен италијански клуб му нуди двегодишен договор на слободниот агент Хумелс

Објавено

на

foto: twitter.com/BVB

Еден ден по заминувањето на Един Терзиќ, Борусија Дортмунд соопшти дека се разделува и со искусниот стопер Матс Хумелс, епилог со кој се стави крај на една непријатна епизода која настана во завршницата од сезоната.

Нарушениот однос меѓу Терзиќ и Хумелс на крајот влијаеше и врз подготовките за големото финале во Лигата на шампионите, па иако првично се мислеше дека ќе извиси само стоперот, на крајот оставка си поднесе и тренерот.

Борусија ќе ја почне својата нова етапа без тројца важни членови како Терзиќ, Ројс и Хумелс, а овој последниот наводно веќе има атрактивна понуда од Италија за да остане во Европа.

Иако како потенцијални дестинации се споменува МЛС лигата, Хумелс во моментов е голема трансфер мета на Рома, бидејќи Даниеле Де Роси е цврсто решен да донесе замена за Крис Смолинг.

Фитнес проблемите на Англичанецот направија да одигра само 600 минути изминатава сезона, па Рома е подготвена да му понуди двегодишен договор на Хумелс за да пристигне како замена за Смолинг.

Матс е една година повозрасен од Смолинг и има 35 години, но изминатиот период покажа дека е во далеку подобра форма од поранешниот член на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни