Поврзете се со нас

Евролига

Звезда и Партизан ќе бидат дел од Евролигата и во наредната сезона (ФОТО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Екипите на Црвена Звезда и Партизан дефинитивно ќе бидат дел од кошаркарската Евролига и во натпреварувачката 2024/2025.

Ова денеска е официјализирано од страна на акционерите на елитното кошаркарско натпреварување (клубовите), поточно кога е во прашање конечниот список од 18 учесници спореден со овој од сезоната 2023/2024 има само една промена, Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс ќе биде дел од елитата и тоа на местото на Валенсија која ќе биде дел од Еврокупот.

Освен за Звезда и Партизан многу шпекулации имаше за статусот на Алба Берлин и Виртус Болоња, но и овие два состави се во одбраното друштво од 18 клубови во Евролигата.

Само за потсетување титулата ќе ја брани Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни