Поврзете се со нас

Шпанија

Кратко траеше сонот: Рамос се раздели со Севилја (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Серхио Рамос изрони многу солзи и покажа премногу емоции во моментите кога си го оствари својот сон минатото лето, но само една година подоцна, искусниот стопер е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Иако се чинеше дека се враќа во Севилја за да ја заврши кариерата во матичниот клуб, лошата сезона која ја имаше на индивидуален и тимски план и промени нештата, па така сега двете страни соопштија дека ја прекинале соработката.

Севилја излезе со официјално соопштение и ја извести јавноста дека стоперот нема да остане на „Рамон Санчес Писхуан“, но поради се она што го има направено за клубот, утре ќе биде испратен со сите почести.

– Серхио Рамос ја информираше Севилја дека нема да продолжи со нас следната сезона, откако го исполни својот сон да се врати во клубот каде се оформи и каде постигна меѓународна почит. Серхио Рамос одигра 37 натпревари во сезоната 23/24, со вкупно 3.301 минута и 7 гола зад своето име, – стои во соопштението на Севиља.

– Фудбалскиот клуб Севилја сака да се заблагодари на посветеноста, лидерството и максималната посветеност што Серхио Рамос ги покажа во кампањата која измина и му посакуваме многу среќа во следниот професионален предизвик. Серхио Рамос јавно ќе се прости овој вторник во 11:00 часот во прес-центарот на „Рамон Санчес Писхуан“, – гласи објавата на Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни