Поврзете се со нас

АТП

Кондицискиот тренер шокиран од Циципас: Не сум задоволен од неговата работна етика

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Стефанос Циципас малку ги подобри резултатите на земјена подлога која инаку е негова омилена, но повторно кога дојде моментот на вистината, доживеа тежок пораз во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Гркот повторно не освои ниту еден сет со Карлос Алкарас и по мечот говореше дека не може да пронајде против игра за шпанскиот тенисер, но една недела подоцна, пристигна и веста за една поголема промена во неговиот тим.

Кодицискиот тренер Кристос Фјотакис го следеше Циципас на сите големи настани подолго време, но меѓусебната соработка реши да ја заврши со испратена „отровна стрела“ кон играчот кој веќе некој период е во романтична врска со Паула Бадоса.

– Резултатите и целите кои ми ги постави на почетокот се далеку од оние посакуваните. Има некои работи кои се надвор од моја контрола и атмосферата во целиот тим не беше соодветна на тоа што јас го замислувам. За жал, двете страни имавме различни приоритети. Му посакувам се најдобро и посакувам да биде секогаш здрав.

– Почнавме со цел да пристигнеме во најдобра форма на Олимписките игри, но како што кажав, двете страни имаме различни приоритети. Искрено, не сум задоволен од работната етика на Стефанос и во овој момент тенисот не е негов приоритет. Не му е на прво место да освои грен слем или да дојде до првото место на АТП листата, па затоа не можам да го следам во иднина. Не можам да си го трошам времето и да бесцелно да летам од земја во земја, – вели кондицинскиот тренер Фјотакис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни