Поврзете се со нас

Конференциска лига

Струга, Тиквеш и Шкендија ги дознаа потенцијални ривали во европските купови

Објавено

на

Во текот на утрешниот ден Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ќе ги добијат ривалите во квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига со тоа што пред ждрепката во Нион, Европската фудбалска федерација (УЕФА) го скрати списокот на пет потенцијални ривали.

Македонскиот првак Струга ја има улогата на неносител, а тоа значи дека може да налета на Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац Бања Лука (БиХ).

Средбите ќе се играат на 9/10 и 16/17 јули.

Шкендија пак е единствениот наш клуб кој е носител што во случајот му носи потенцијални пресметки со Вележ од БиХ, Торпедо од Грузија, Малишева од Косово, Ноах од Ерменија и Ислоч Минск од Белорусија.

Актуелниот Куп освојувач Тиквеш пак ќе ги одмери силите со една од следниве екипи: Бреидаблик (Исланд), Дуделанж (Луксембург), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусејдерс (Северна Ирска)

Натпреварите ќе се играат на 11 и 18 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни