Поврзете се со нас

Италија

Капело импресиониран од еден италијански дефанзивец: Ме потсетува на Рамос

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Италијанската фудбалска репрезентација победи на првиот меч на Европското првенство и отвори со три бода, а редовните аналитичари во студијата излегоа со први критики, но и пофалби за дел од играчите на Спалети.

Лучано го измени составот и има неколку нови играчи во најсилниот италијански тим, а еден од нив е Рикардо Калафиори кој имаше импресивна сезона во Болоња под водство на Тиаго Мота.

Младиот дефанзивец кој може да игра на повеќе позиции во одбраната импресионира со напредокот кој го бележи, а тоа го потенцираше и Дон Фабио Капело кој реши да го спореди со Серхио Рамос.

– Бастони и Калафиори имаа одлично издание против Албанија, двајата стопери придодаваат голема сигурност бидејќи одлично се надополнуваат.

– Да бидам икрен, Калафиори ме потсетува на младиот Серхио Рамос, оној што го тренирав во мојата втора етапа во Реал. Рамос исто така стана стопер од страничен бек, а токму тоа го прави и Калафиори, – изјави Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни