Поврзете се со нас

Италија

Новото засилување на Милан пристигна на медицински прегледи (Видео)

Објавено

на

Милан е посебно активен во финишот на преодниот рок, а раководството се фокусираше на млади фудбалери со голем потенцијал.

По Малик Тао од Шалке 04, денеска Милан ќе промовира уште едно засилување од Бундеслигата, а тоа е Астер Вранк.

Белгискиот играч за врска утринава пристигнал во Милано и веднаш се упатил на вообичаените прегледи, по што „росонерите“ ќе го вклучат во составот.

Милан ќе му плати на Волфзбург 2 милиони евра за заемот првата сезона, а ќе може да го откупи договорот за дополнителни 12 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни