Поврзете се со нас

Репрезентација

Нови проблеми за Милевски: Ристовски и Етеми отпаднаа од комбинација за мечевите со Грузија и Бугарија

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација се соочува со големи проблеми пред пресметките со Грузија и Бугарија во Лигата на нации, пресметки за кои селекторот Благоја Милевски нема да може да смета ниту на Стефан Ристовски и Ваљон Етеми.

Капитенот Ристовски има проблеми со тетивата, додека офанзивецот Етеми повреда на бутниот мускул. Овие двајца му се приклучија на Дарко Чурлинов кој исто мораше да откаже поради повреда, па затоа Милевски и соработниците ќе повикаат нови играчи за дуелите во Тбилиси и Скопје закажани за 23 и 26 септември.

Нашата селекција првиот тренинг ќе го одработи денеска од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни