Поврзете се со нас

Балкан

Новевски има нов клуб во Србија

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Владан Новевски направи промена на клупската средина, но остана во Србија.

Офанзивецот ја заврши приказната со Војводина и во иднина ќе ги брани боите на Вождовац.

-Благодарност до раководството и стручниот штаб на Вождовац за укажаната доверба. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и дека ќе ги постигнеме зацртаните цели. Избрав да дојдам овде бидејќи јас и клубот  проценивме дека ова е добра средина за мене, преку квалитетна работа и силни натпревари, да се наметнам и да стекнам искуство за понатамошен фудбалски развој, -порача Новевски кој се обврза на три ипол годишен договор.

Владан има 20 години, има настапи за нашата репрезентација, ама и онаа на северниот сосед, па останува да види која ќе биде неговата последна одлука кога е во прашање националниот дрес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни