Поврзете се со нас

Англија

Новата премиерлигашка ѕвезда во налет: Имав контакти со Реал Мадрид

Објавено

на

Реал Мадрид одлучи да го продаде Касемиро на Манчестер Јунајтед и да му ја исполни желбата на бразилскиот фудбалер, па иако првично размислуваше да донесе замена, на крајот Карло Анчелоти процени дека има доволно ресурси во Чуамени и Камавинга за да го покрие отсуство на искусниот фудбалер.

Во еден момент, се појавија гласини дека Реал Мадрид го контактирале Бруно Гимараеш од редовите на Њукасл, а сега самиот фудбалер потврди дека навистина постоело интерес од најтрофејниот клуб во Европа.

Гимараеш е нова премиерлигашка ѕвезда во налет и има импресивни изданиња откако го засили Њукасл минатата зима, па со оглед на возраста (24 години), не се исклучува можноста да направи голем трансфер во блиска иднина.

– Вистина е, имав контакти со Реал Мадрид. Реал е најдобриот клуб во светот и беше убаво да се види нивниот интерес. На крајот се остана само на конверзацијата и не се случи ништо.

– Во моментов само сум насочен на проектот на Њукасл. Верував во овој проект уште на стартот, кога тимот се бореше за опстанок. Отсекогаш сакав да се пробав во Премиер лигата и сега го живеам сонот. Фановите ме сакаат и јас го сакам градот, тука се чувствувам како дома. Не би имал против да прераснам во легенда на Њукасл, – вели Бруно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни