Поврзете се со нас

Англија

Невил проговори за вистинското лице на Кин и погрешната слика која ја има јавноста

Објавено

на

Рој Кин имаше блескава фудбалска кариера која на крајот доби и контроверзна завршница поради караницата која ја имаше со Сер Алекс Фергусон, а иако продолжува да делува како арогантна личност и пред ТВ екраните, неговиот долгогодишен соиграч тврди дека Ирецот во реалноста е комплетен контраст.

Кин знае да биде брутален и арогантен за време на свои јавни излагања кои ги има во британските студија како фудбалски експерт, па Гери Невил вели дека тоа дава погрешна слика за поранешниот капитен на „ѓаволите“.

Гери тврди дека застрашувачката слика која ја остава Рој пред јавноста нема допирна точка со она што ќе го пронајдете во секојдневниит живот, каде според него Рој е една од најзабавните личности.

– Таа застрашувачка слика која се шири во јавноста датира од неговите играчки денови во Јунајтед, а можеби продолжи и во времето кога беше менаџер. Сепак, тоа е само 2 проценти од тоа што е вистина за него. Останатите 98 проценти се раскажување приказни, хумор, зборување и предизвици.

– Таков е Рој надвор од теренот и камерите, достапен за сите. Компетитивен е и надвор од теренот, но може да зборувате со него до крајот на животот. Тој е шарманетен и навистина е пријатно да бидете во негово друштво. Тоа е неговото вистинско лице, – вели Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни