Поврзете се со нас

Англија

Невакцинираните фудбалери на Челси ќе го пропуштат дуелот со Лил

Објавено

на

Челси го доби Лил за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите, ждрепка која очекувано беше оценета како поволна, но истовремено носи и компликации за европскиот првак.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челси ќе остане без невакцинираните фудбалери за гостувањето во Франција, а причина се ограничувањата на државата која не дозволува влез на невакцинирани лица.

Во Челси се надеваа дека натпреварот може да се игра на неутрален терен, но УЕФА нема да дозволи вакво сценарио, па Томас Тухел нема да смета на одреден број играчи против Лил.

Фудбалерите на Челси денеска го играат полуфиналето на Светското клупско првенство, а менаџерот Тухел веќе зборуваше на оваа тема.

– Во одреден момент, секој кој не е вакциниран ќе сноси некои последици. Ако на фудбалерите не им биде дозволено патување во Франција, тоа може да значи отсуство на важни играчи,- изјави Тухел пред некое време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни