Поврзете се со нас

Европски купови

Некои работи никогаш не се менуваат: „Бомбардерот“ Лазаров се најде во топ 5 изборот на ЕХФ (Видео)

Објавено

на

Нант вчера ја забележа втората победа во ЕХФ Европската ракометна лига, откако на домашен терен славеше над дански ГОГ со 27:24.

Кирил Лазаров беше еден од најактивните играчи на теренот и натпреварот го заврши со четири гола зад своето име, а еден се најде и во најтесниот избор на најубави погодоци.

ЕХФ го вметна проектилот на Кире во топ 5 најубави погодоци во штотуку завршената рунда во Европската лига, што е уште еден доказ за ракометната долготрјаност на македонскиот капитен и селектор.

Лазаров во мај ќе полни 42 години, но и ден денеска покажува дека некои работите не се менуваат и се уште решета во ракометна Европа и во петтата деценија во животот.

Најубавите пет гола погледнете ги на следниот ЛИНК 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни