Поврзете се со нас

Свет

Нејмар за Меси и епизодата во ПСЖ: Минавме низ пекол…

Објавено

на

Нејмар и Лионел Меси не се повеќе членови на Пари Сен Жермен, тим во кој настапуваа заедно во претходните две сезони.

Меси како слободен агент ја напушти Франција и се пресели во Интер Мајами, додека пак Нејмар го замени ПСЖ за Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Двајцата често беа мета на критики, навреди, посочувани како виновници што „светците“ не ја освоија Лигата на шампионите, ситуација која воопшто не била пријатна и за тоа отворено говореше бразилскиот репрезентативец.

-Бев многу среќен за годината што ја имаше (со националниот тим), но во исто време и многу тажен, бидејќи ги живееше двете страни на паричката, беше во рајот со Аргентина, освои се во последните години, а со ПСЖ живееше пекол. Живеевме низ пекол, тој и јас. Бевме вознемирени, бидејќи не бевме тами за џабе, бевме таму за да дадеме се од себе, да бидеме шампиони, да се обидеме да испишеме историја, затоа повторно почнавме да играме заедно, дојдовме заедно таму за да можеме да направиме историја. За жал, не успеавме, -рече Нејмар и додаде:

-Меси си замина на начин на кој не го заслужува. За се што е, се што прави, секој што го познава знае дека е тип што тренира, што се бори, се лути кога губи и неправедно се однесуваа кон него. Ама во исто време бев многу среќен што го освои Светското првенство. Како што кажа фудбалот овој пат беше фер, бидејќи бразилскиот тим загуби, Меси заслужи вака да ја заврши кариерата, порача офанзвецот за „Глобо“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни