Поврзете се со нас

АТП

Не успеа да дојде до главната фаза: Ивановски по голема борба падна пред Кукушкин

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ConcordIasiOpen

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски не успеа да обезбеди место во главниот ждреб на Челинџер турнирот што се игра во Бергамо, Италија.

Ивановски вчера се справи со Алесио Балестриери, но денеска имаше далеку потешка задача, соочување со ветеранот Михаил Кукушкин кој своевремено беше 39. на АТП листата.

Калин имаше добар прв сет и истиот го реши со 6-3, во вториот се водеше голема борба и се дојде до тај-брејк во кој Кукушкин подобро се снајде и со 7-2 обезбеди трет решавачки сет.

Во истиот клучен се покажа брејкот во петтиот гејм по кој фаворитот поведе со 3-2 и потоа добро го чуваше својот сервис за конечни 6-4 и за 2-1 во сетови по два ипол часа игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни