Поврзете се со нас

АТП

Навратилова: Алкарас е подобра верзија од Ѓоковиќ

Објавено

на

Младиот Карлос Алкарас е доста актуелен во изминатиов период, особено оваа седмица во која успеа во две дена да ги победи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и со тоа да обезбеди пласман во големото финале на АТП Мастерсот од Мадрид.

Карлос во финалето ќе се соочи со Александер Зверев, но што и да направи тој веќе ги освои симпатиите на јавноста, но и на големите имиња како што дефинитивно е грен слем шампионката Мартина Навратилова.

Навратилова смета дека 19-годишниот Шпанецот кој сезонава веќе триумфираше во Рио Де Жанеиро, Мајами и Барселона е подобра верзија од Новак Ѓоковиќ.

-Според мене, Алкарас е подобра верзија на Ѓоковиќ. Се движи како Новак, но подобро погодува кога бара агли. Ги има најсилните удари од сите што сум ги гледала, им пркоси на законите на гравитацијата,- изјави Навратилова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни