Поврзете се со нас

Италија

Навивачите на Јувентус покажаа што мислат за потенцијалиот ангажман на Лукаку (ВИДЕО)

Објавено

на

Ромелу Лукаку нема да ја продолжи кариерата во Интер кој се откажа од обидот да го ангажира, откупи неговиот договор од Челси и тоа откако забележа Белгиецот му дава одредени сигнали на Јувентус за трансфер.

Сега „старата дама“ е сериозна опција за Лукаку со тоа што Јуве ќе мора прво да се ослободи од Душан Влаховиќ што значи треба да се исполнат одредени услови за да напаѓачот слета во Торино.

И да се случи ова прашање е каков третман ќе добие Ромелу од навивачите на „бјанконерите“ кои во минатото имаа препирки токму со него, плус не му ја забораваат изјавата со која има порачано дека никогаш нема да игра за Јувентус.

Дел од поддржувачите на калчолигашот веќе испратија порака на оваа тема, порака со која потенцираа дека не го сакаат белгискиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни