Поврзете се со нас

АБА лига

Награда за одличната партија: Кефи од МЗТ е МВП на колото во АБА лигата

Објавено

на

МЗТ Скопје дојде до важна победа над ФМП во АБА лигата, а за истата најзаслужен беше плејмејкерот Мајкл Кефи.

Кефи беше автор на 26 поени (11/12 за еден поен, 3/5 за два поени, 3/4 за три поени), собра 3 скока, 6 асистенции, украде 3 топки или севкупно имаше 34 индексни поени што му ја донесе наградата МВП на 20 коло во регионалното натпреварување.

Лука Божиќ од Задар и Доминик Мавра од Сплит имаа подобар учинок од плејмејкерот на „штрковите“ (35 индексни поени), меѓутоа нивните екипи загубија што во случајот значеше дека Кефи го добива признанието за најдобар играч во АБА конкуренцијата.

Пред две кола Кеандре Кук од МЗТ исто беше МЗТ што секако е добар знак за македонскиот првак на кого му се потребни вакви партии, победи на екипата за да ја оствари зацртаната цел-опстанок во јадранското друштво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни