Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ не дозволи изненадување на Гостивар, Еуро Никел убедлив против ФМП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkmztskopje

МЗТ Скопје го победи Гостивар со 85:59, додека Еуро Никел беше уште поубедлив и го заврши натпреварот од Првата кошаркарска лига против Академија ФМП со гостински триумф со резултат 58:114.

Актуелниот шампион овојпат не дозволи изненадување во дуелот со секогаш незгодниот противник, имаше плус осум на полувреме, а Гостивар успеа да се закани на почетокот на третиот период кога се приближи на минус четири.

Реакцијата на МЗТ во следните напади сепак го откажаа противникот, па до крајот скопскиот тим само ја зголемуваше предноста. Ова беше дуел од второто коло, па МЗТ веќе има два од два на стартот на новата сезона.

Крстевски со 17 и Танасковиќ со 15 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Гостивар, Вензант и Инграм реализираа по 14 поени.

Еуро Никел без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога против Академија ФМП и уште на полувреме ја најави големата позитива, која беше потврдена на крајот на мечот.

Златев со 20 и Бојчев со 17 поени биле најефикасни кај победничката екипа, додека во редовите на ФМП се истакна Петровски со 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни