Поврзете се со нас

ВТА

Моќната Сабаленка без загубен сет до нова титула на АО (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Аустралијан Опен има старо-нов шампион во женска конкуренција, а тоа е Арина Сабаленка која го потврди статусот на фаворит во денешното финале во Мелбурн.

Тенисерката од Белорусија ја надигра Женг Чинвен од Кина со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-2. Арина беше доминатна, го искористи своето искуство и го наметна своето темпо, игра, па така во првиот сет беше доволен само еден брејк, додека во вториот двапати и го одзема сервисот на противничката за комплетирање на моќната партија.

Сабаленка дојде до пехарот на АО без загубен сет на турнирот што доволно говори дека имаше настап кој ќе го памети, но во исто време потврди и дека теренот, условите во Мелбурн и лежат со оглед на тоа што славеше и минатата година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни