Поврзете се со нас

Светски првенства

Модриќ е уверен: Оваа репрезентација ќе биде светски првак

Објавено

на

Хрватска успеа да се врати со медал од уште едно Светско првенство што е потврда за квалитетот, знаењето, но и потенцијал што го има овој состав предводен од Златко Далиќ.

Хрватите загубија само еден меч на Мундијалот и тоа полуфиналето од Аргентина (3-0), ама потоа во битката за третата позиција го добија Мароко и ја освоија бронзата со што беше повторнен успехот на генерацијата од 1998 година, генерација на Шукер, Просинечки, Бобан и компанија.

„Коцкестите“ вчера се вратија дома каде беа пречекани од огромен број на луѓе, прослава при која свој збор имаше капитенот Лука Модриќ кој порача дека во иднина може да се очекува и злато од националниот тим

-Ви благодариме што дојдовте во толку голем број, сакавме да ви донесеме злато. За жал, не успеавме, но мислам дека третото место е исто така голема работа. Вашето доаѓање овде тоа го покажува. Убеден сум дека оваа репрезентација во иднина ќе и донесе злато на Хрватска, -Модриќ на пречекот во Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни