Поврзете се со нас

Италија

Миовски по стапките на Пандев: Италијански гигант заинтересиран за македонскиот репрезентативец

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски би можел во јануарскиот преоден рок да ја промени средината и да потпише договор со еден од најпознатите италијански тимови, Лацио.

Според дел од италијанските медиуми, спортскиот директор на Лацио, Игли Таре добил задача да пронајде евтино, а добро решение за офанзивата на клубот, а меѓу кандидатите бил и нашиот Миовски.

23 годишниот фудбалер има одлична сезона во дресот на Абердин во која веќе постигна 12 погодоци зад своето име, со што јасно е дека го привлече вниманието на повеќето европски екипи.

Според медиумите од „чизмата“, Лацио за да ги добие услугите на Миовски ќе треба да издвои 2.5 милиони евра, сума која не би требало да претставува проблем за нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни