Поврзете се со нас

Конференциска лига

Миовски неизвесен за последниот европски дуел, Абердин мора да внимава пред финалето со Ренџерс

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Абердин ќе го заврши настапот во Конференциската лига со соочување со Ајнтрахт Франкфурт, а менаџерот Бери Робсон до последен момент ќе тактизира со настапот на Бојан Миовски.

Македонскиот репрезентативец се пожали на повреда по последниот дуел од шкотското првенство против Хартс, па иако не се работи за сериозен проблем, стручниот штаб не смее да заборави на неделното Лига куп финале со Глазгов Ренџерс.

– Се уште чекаме за одлуката околу Бојан. Ќе видиме како ќе биде утре кога ќе се разбуди, се надеваме дека не е ништо сериозно, но одлуката ќе почека. Се работи за повреда која ќе му прави проблеми уште неколку часови или денови, ништо сериозно, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, – рекол Робсон на вчерашната прес-конференција.

Со оглед на фактот што натпреварот со Ајнтрахт нема големо резултатско значење, можно е Робсон сепак да не ризикува со македонскиот фудбалер и тој да се фокусира на битката за трофејот во недела.

Финалето на Лига купот ќе се игра на „Хемпден парк“ со почеток од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни