Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мињоле со чудесна интервенција го одведе Бриж во осминафиналето, нов „покер“ на Наполи (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Бриж е најпријатното изненадување во оваа сезона во Лигата на шампините, а тоа уште еднаш го потврди вечерва каде успеа да остане непоразен на пресметката со Атлетико Мадирд на „Ванда Метрополитано“.

Ова беше четврти меч во низа на кој белгискиот првак не прими гол, односно резултатот (0-0) овојпат беше доволен за потврда за пласман во нокаут фазата. Херој на гостите беше ветеранот Симон Мињоле кој беше фантастичен на голот, а особено се истакнува одбраната во самата завршница кога со помош на главата спаси сигурен погодок по ударот на Мората.

Наполи пак продолжи да гази за „четири од четири“ во групата А. Наполитанците го добија Ајакс со 4-2 и сега имаат фантастични 17-4 во оваа конкуренција во која се уште Ренџерс и Ливерпул.

Лозано, Распадори, Кварацхелија и Осимен погодија за калчолигашот, Класен и Бергвајн беа автори на головите за гостите од Амстердам.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас беше активен на теренот од 77 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни