Поврзете се со нас

Германија

Милер директен: Имаме проблеми, ништо не е решено во Баерн…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен има сезона под очекувањата, сезона која би можела да биде спасена со триумф во Лигата на шампионите што секако нема воопшто да биде лесна мисија.

„Баварците“ ремизираа со Арсенал на првото соочување на „Емирејтс“ и ќе имаат можност пред своите гледачи со победа да се изборат за место во полуфиналето. Тоа дефинитивно ќе биде сериозен предизвик и за тоа е свесен искусниот Томас Милер кој едноставно посочи дека екипата има проблеми, поточно истите не можат едноставно да се решат со еден добар резултат.

-Воопшто ништо не е решено! Секако дека постои суштинско незадоволство кога ќе се погледне целокупната слика: каде сме во Бундеслигата, како изгледа нашата статистика и колку често губевме во лигата. Имаме проблеми постојано да добиваме натпревари. Секогаш имавме добри натпревари – но не онакви какви што би очекувале од Баерн, -рече Томас.

Баерн пред реваншот со Арсенал го очекува пресметка со Келн во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни