Поврзете се со нас

Италија

Милан остана без претставник на династијата Малдини по речиси седум децении

Објавено

на

Заминувањето на Паоло Малдини од раководството на Милан го најави сценариото кое е потврдено денеска, а кое не оди во прилог на традицијата на „росонерите“.

Неговиот син Даниел денеска е позајмен во редовите на Емполи, што значи дека по цели 67 години, во Милан нема да има ниту еден претставник на династијата Малдини.

Традицијата започната од Чезаре, продолжи со неговиот син Паоло, кој беше фудбалер, а подоцна и спортски директор, додека во меѓувреме дел од младинската академија беше Даниел.

Најмладиот претставник на фамилијата минатата сезона ја помина како позајмен играч во Специја, а сега ќе го носи дресот на Емполи, со што ќе остане во Серија А, но останува далеку од дресот на „росонерите“.

Нејасно е дали напаѓачот ќе добие уште една шанса во Милан, но јасно е дека по 67 години „росонерите“ во првиот и младинскиот тим немаат ниту еден Малдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни