Поврзете се со нас

Европски купови

Металург доживеа убедлив пораз на гостувањето во Виена

Објавено

на

Металург ја продолжи серијата порази во групата од ракометната Лига Европа, а вечерва загуби на гостувањето кај АОН Фајверс со 45:30.

Натпреварот со многу голови му припадна на австрискиот претставник, кој уште на полувреме ја најави победата, откако водеше со убедливи 22:13.

Не само што Металург не успеа да се врати од големата негатива, туку до крајот Фајверс стигна до поубедлив триумф со плус петнаесет.

Брандфелдер со 7 голови го заврши дуелот како најефикасен во домашниот тим, додека кај Металург, Поповиќ стигна до 11, а Шилегов до 5 голови.

Металург останува закован на дното на својата група откако се уште нема победа и досега освои само еден бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни