Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси за пеналот против Хрватска: Детално го проучив стилот на Ливаковиќ

Објавено

на

Лионел Меси реализираше важен пенал, со кој Аргентина поведе против Хрватска, а потоа стигна и до сигурна победа во полуфиналето на СП во Катар.

Предизвикот за првата ѕвезда на „гаучосите“ беше поголем со оглед на одличниот ефект на Доминик Ливаковиќ при бранењето пенали на овој мундијал, но Меси шутна неодбранливо и го совлада хрватскиот голман.

– Детално ја проучивме техниката на бранење пенали на хрватскиот голман со нашите голмани Мартинез и Рули.

– Знаевме дека го чека играчот што шутира до сам крај, односно фудбалерот со залетот и положбата на телото му најавуваат каде ќе шутираат.

– Затоа мораше да шутирам веднаш, сите кои чекаа имаа проблем да го совладаат Ливаковиќ. Го избрав вистинскиот начин и успеав, – изјавил Меси.

Меси и Аргентина во финалето ќе се сретнат со Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни